Гипс
Гипсен малтер
Гипсот е еден од најстарите градежни материјали. Човештвото скоро илјада години ги ужива благодетите на овој дар од природата": од гипсените соби во пирамидите, преку гипсените орнаменти во барокните градби...
Денес гипсот, со неговата многустрана примена, придонесува запријатен амбиент и креативни решенија во милиони современи објекти.
Гипсените градежни материјали го гарантираат здравото и пријатно живеење. Првенствено заради одличните здравствено-биолошки карактеристики на гипсот. Тој е потполно природен материјал, идеален во поглед на радиоактивноста, без штетни состојки, материјал без мирис и испарувања. PH-вредноста на гипсот е како човековата кожа.
Предности на гипсените малтери:
■ Малтерисување во "еден чекор". Кнауф гипсените глет малтери се револуционерно решение во однос на сите останати техники на малтерисување. За разлика од класичното малтерисување кое се изведува во четири фази и за кое се потребни неколку дена, со Кнауф се малтерисува во "еден слој" и уште истиот ден се добива готова глетувана површина.
■ Брзина. Освен тоа што брзо се нанесуваат и обработуваат гипсените малтери истотака се сушат побргу од останатите: зависно од надворешната температура и дебелината, може да се молерисуваат од 10 до 14 дена по нанесувањето.
■ Многустраност. Кнауф гипсените глет малтери имаат универзална примена. Од подрум до кров – за ѕидови и тавани вклучително и во кујните и бањите. Одлично се нанесуваат на различни видови подлоги (цигли, бетон, сипорекс...)
■ Флексибилност. Кнауф гипсаните малтери обезбедуваат подеднакво добар квалитет ако се нанесуваат тенкослојно или дебелослојно, а може да се обработуваат машински или рачно.
■ Огноотпорност. CaSO4 x H2O, хемиската формула на гипсот објаснува се: во неговиот кристален состав се содржани две молекули вода кои при горење се ослободуваат и прават обвивка од пареа. Кнауф гипсените малтери се негориви и обезбедуваат висока и сигурна противпожарна заштита.
■ Индивидуална површинска обработка. Со Кнауф гипсените глет малтери се постигнува рамна и мазна површина која е идеална подлога за молерисување, за лепење тапети или керамички плочки.
■ Кога тврдото ќе удри на тврдо. Кнауф гипсаните малтери имаат одлична отпорност на притисок и на гребење. Слободно може да се коваат помали или поголеми клинци и притоа површината гарантирано нема да се искрши или истроши.
■ Постојаност. Заради еластичноста на гипсените малтери, гарантирано се добиваат големи површини без пукнатини и во новоградби и во " ризични" објекти и при големи потреси и оптоварувања.
Преградни ѕидови
Градбата со Кнауф внатрешните преградни ѕидови со своите позитивни својства е идеално алтернативно решение за класичните масивни ѕидови. Идеално се прилагодуваат на градежната структура на модерните објекти, а покрај тоа тие ѕидови даваат одлични резултати во поглед на заштитата од бучава и пожар и кај топлинската изолација на просторот. Дури и закачување на тешките конзолни ѕидни товари (полици, плакари и сл.) се изведува без тешкотија. Преградните ѕидови се изработуваат од потконструкција и облога од Кнауф плочи. Потконструкцијата се состои од челични, поцинкувани профили; на нив од двете страни се монтираат Кнауф плочите. Изведбата на потконструкцијата и видот на облогата, зависат од барањата за звучна и противпожарна заштита (како и од висината и намената на просторијата).
Спуштени плафони Спуштените тавани се применуваат за да се оплемени ентериерот, кога е потребно да се намалат високите простории или кога е потребно да се сместат инсталациски водови во шупливиот меѓупростор на таванот.
Ниеден дел од ентериерот не привлекува толку внимание како перфектно изработениот спуштен таван. Со својата оригиналност, единствените форми и индивидуалните решенија, таванот може да стане центар на вниманието во просторот. За технички комплицираните решенија од сите видови, идеални се Кнауф спуштените тавани во комбинација со претходно изработените тавански елементи. Можностите за креативно обликување се речиси бесконечни, делови од таванот може да се изработуваат според индивидуалните барања и да се применат во многубројни варјации. Заклучок: современото проектирање со готовите тавански елементи може едноставно и рационално да се остварат во пракса.